Skip to content

Ѕвездата само во ѕвезда ќе ја најдеш – Радован Павловски (видео рецитација)

Денешниот избор е песната со наслов „Ѕвездата само ѕвезда ќе ја најдеш“ од Радован Павловски.

Излезена од бисерот на школка
Морска ѕвезда осветлува пловидба.
Станав тело на својата мисла.
Пат меѓу ѕвезди првпат
Исправен во времето ќе останам.
И ако ме побараат полегнатите
Во сонот лек да најдат
Тогаш некое заборавено време
Ќе проговори
И еден заборавен народ
По заборавени патишта ќе се крене
И ќе ги побара своите траги
А, ако не ги најде
Во птица ќе се престори 
И ќе ги опее
А, ако сонцето го снема
Во длабока земја ќе слезат
И ќе го откопаат сонцето.
Ѕвездата само во ѕвезда 
ќе ја најдат.

Напишете коментар