Skip to content

Шепнувачот – Донато Каризи

Книгата која го одбележа месец јуни е „Шепнувачот“ од Донато Каризи или оригинално „The Whisperer“ (2009) – Donato Carrisi

_20170630_190328.JPG
На линкот може да се најдат оцените и како членовите на Goodreads ја оцениле книгата: Goodreads reviews

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Психолошки трилер, бестселер – рекордер и повеќекратен добитник на награди.
Се работи за разоткривање на серискиот убиец чија главна мета се млади девојчиња кои доаѓаат од мали семејства и најчесто се единствени деца во семејството.

DSC_0080.JPG

„Шест откриени раце се откриени закопани на една шумска полјанка. Тие се подредени во мистериозен круг и им припаѓаат на исчезнати мали девојчиња. Но, остатокот од телата никаде не се пронајдени.

На криминологот Горан Гавила му е доделен случајот. Бунтовник по природа, тој е принуден да работи со младата полицајка Мила Васкез. Вита, со изглед на момче, пред никого не одговара, Мила има сопствена трагична историја што ја остава повредена, неспособна да чувствува или да се поврзе со луѓето…

Шепнувачот е толку сензационален бестселер во Европа колку и романите на Стиг Ларсон. Тоа е поради ретко добрата креација: провокативна мисла, остроумен роман што е наполно невозможно да се остави од раце“.

 

Напишете коментар