Skip to content

Скриена вистина

Влези во одајата на тајните,
не ќе чуеш ниедна лага,
не ќе видиш ниедна вистина,
ќе видиш едно срце заробено во ковчег
кое не заборавило да чука,
клуч од ковчегот ќе бараш,
а тоа во него крие илјада и една тајна.
Во ладната одаја спие мразот
сонце не продира,
темнината внатре се заробила
како господарка на злото,
злобна се родила,
не ќе видиш светлост,
не ќе почувствуваш топлина.
Влези во одајата на тајните
таму не ќе најдеш
ни иднина, ни убост,
таму ќе најдеш пајакова мрежа
и стапица за глувци,
темнината ќе те покрие и завее,
а ти само излез ќе бараш!

Напишете коментар