Skip to content

Пушти ја

Ако не се гледаш со нејзе после пет години од сега,
пушти ја, некој умира за да ја дочека староста заедно со неа.
Ако не те радува кога се смее, не ја заслужуваш,
некој би се претворил во кловн само да ја гледа насмеана.
Ако не можеш да ѝ поклониш време, пушти ја,
некој би го сопрел времето само за да биде плус еден час повеќе со неа.
Ако не знаеш да ѝ подариш внимание, не ја заслужуваш,
некој би направил сè за да ѝ го задржи вниманието.
Ако не ти претставува приоритет,
пушти ја, некому ќе биде најомилена предност.
Ако можеш да го поминеш денот без да ти недостига,
пушти ја, некој би умрел само за да биде дел од нејзиниот ден.
Ако не е дел од секој твој план, не ѝ го троши времето,
пушти ја, некој би дал сè за да смислува заеднички планови со неа.
Ако не знаеш да ја сакаш, не ја измачувај,
пушти ја, некој ќе ѝ покаже што значи да се биде сакан.
Ако не можеш да ѝ покажеш колку ти значи дури ни со поглед,
пушти ја, некој ќе знае да ѝ покаже подобро.
Ако не те исполнува душевно, ниту ти неа, не се мачи,
пушти ја, двајцата заслужувате душевна исполнетост.
Ако ја гледаш само како привремен придружник,
пушти ја, некому ќе биде вечен животен сопатник.
Ако ја потценуваш секоја нејзина постапка, не ја заслужуваш,
пушти ја, некој ќе биде горд на секој нејзин чекор.
Ако не ја храбриш и не ѝ влеваш доверба,
пушти ја, некој ќе ѝ покаже што значи сила и верба.
Ако ја лажеш гледајќи ја во очи, не ја заслужуваш,
пушти ја, некој ќе ја лаже само кога ѝ подготвува изненадување.
Ако не се чувствува како дел од твојот свет,
пушти ја, некој ја чека за да ги спојат световите.
Ако не се чувствува посакувано покрај тебе,
пушти ја, некој ќе ѝ покаже колку може да биде потребна.
Ако не ги споделуваш тајните со неа,
пушти ја, на друг ќе му ги чува.
Ако не знаеш да ја чуваш,
пушти ја, веќе сама научила да се чува.
Ако не ти е прва мисла кога ќе отвориш очи,
пушти ја, некој сè би дал да се буди покрај неа.
Ако не ти е последна мисла пред да склопиш очи,
пушти ја, некој ќе ужива да заспива до неа.
Ако не ти е удобна тишината со неа,
пушти ја, таа ќе биде сама со нејзината тишина.

Напишете коментар