Skip to content

Осми конкурс за наградите „Крсте Чачански“ и „Јован Котески“

Културниот центар „Бран“ и ревијата за книжевност „Бранувања“ од Струга го распишаа осмиот конкурс за наградите „Крсте Чачански“ – за необјавена збирка на кратки раскази и  „Јован Котески“ – за необјавена поетска збирка.

Резултат со слика за writting

Расказите односно песните не треба да се претходно објавени. Секој расказ да не биде подолг од 100 реда (три страници новинарски проред) и да има наративна форма. Поетската збирка треба да содржи најмногу 50 песни, а секоја песна да не биде подолга од 30 стихови.

Ракописите треба да се праќаат по електронски пат, со назнака за наградата „Крсте Чачански“ односно „Јован Котески“, најдоцна до 20 април 2018 година на електронските  адреси: [email protected] и [email protected].

Две тричлени жирија од компетентни македонски писатели ќе го извршат изборот на наградените книги што ќе бидат објавени и промовирани на денот на доделувањето на наградите на фестивалот „Струшки книжевни средби 2018“ што ќе се одржи во почетокот на  јули во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга.

Напишете коментар