Skip to content

Ловец на души – Донато Каризи

Книга што го одбележа месец Мај е „Ловец на души“ од Донато Каризи.

“Постои место каде што светот на светлината го среќава светот на темнината. Таму се случува сè, во земјата на сенките, каде што сè е непостојано, конфузно, несигурно.”

(Маркус никогаш не разговарал со никого, немал пријатели, но знае многу нешта што не би сакал да ги знае за луѓето и злото што го прават. Единствено не може да се сети кој е тој? По несреќата не може да се сети на ништо што е поврзано со неговиот живот. Клементе му е единствената врска со светот, единствениот кој може да му помогне да дознае кој е тој всушност, но неговата појава во животот на Маркус се поклопува со неговото влегување во светот на сенките, истовремено движејќи се низ светот како да не постои.)

Ова дело е ремекдело од мајсторот на трилер и мистерија. Ја препорачувам на сите љубители на вакви дела кои не ја прочитале, задолжително да ја прочитаат.

Напишете коментар