Skip to content

Неколку занимливости за книгите

Книгите за љубителите ширум светот, па и кај нас се нешто без кое вистинските читатели не можат да си го замислат ниту еден ден. Денес издвоивме неколку интересни занимливости за книгите кои веруваме дека ќе ве интересираат да ги прочитате.

1. Во целиот свет постојат речиси 130 (попрецизно 129.864.880) милиони книги.

2. Потребни се 60.000 години за да се прочитаат сите книги што постојат.

3. Три најчитани книги на светот се: Библијата, Малата црвена книшка (книга со најпознатите цитати од кинескиот партиски лидер Мао це Тунг) и серијалот за Хари Потер.

4. Американскиот претседател Теодор Рузвелт читал по една книга дневно.

5. Најдолга реченица која некогаш била отпечатена имала 823 збора.

6. Една од пет возрасни личности не знае да чита, а најголем процент на неписменост има во јужна и источна Азија.

7. Индијците се најголеми читатели затоа што во просек поминуваат десет часа неделно во читање.

8. За пишување на една книга во просек се потребни 457 часа.

9. Жените купуваат 68% од книгите изложени за продавање.

10. Поголемиот број на читатели вниманието и интересот за читање на книгата го губат на осумнаесетата страница.

Напишете коментар