Skip to content

Пронајдок

Покрај патот видов лисје послани од виножитото

И се осмелив да ја побарам твојата насмевка.

Насмевките се секогаш во боите на виножитото.

 

Покрај патот видов стапки од галоп

Кој ги оставил некој забревтан коњ трчајќи во неспаните ноќи

И се осмелив да тргнам да те барам во неговиот чекор.

 

Покрај патот видов паднат ангел

Кој ме повикуваше да ја заборавам твојата насмевка

Но не се осмелив да го слушнам неговиот глас.

 

Тогаш се појави ТИ.

Носеше белузлава кошула која се прелеваше на виножитото

И толку гласно се смееше

Што го осветли паднатиот ангел.

 

Јас нечујно воскликнав од среќа

И знаев дека те пронајдов.

Напишете коментар