Skip to content

Дали и вам ви се случува овој феномен на слушање на гласовите на ликовите од книгите?

Сигурни сме дека и вам честопати ви се случувало да ја поминете цела ноќ во непрекинато читање книги што ви го задржуваат вниманието будно. Особено кога книгата е толку забавана што едноставно не можете да ја испуштие од раце. После неколкучасовно непрекинато читање можете да се заколнете дека го слушате гласот на ликовите од книгата. Каков е овој феномен?

Овој чуден феномен не ви се случува само вам! Според истражувањата 1/5 од сите читатели го имаат ова искуство, коешто се нарекува искуствено преминување.

Зошто е ова важно?

Ова било предмет на истражување поради тоа што многу читатели можат да се пронајдат во истот.  Читањето добра книга може тотално да ве обземе, а новите истражувања го поткрепуваат тоа.

Поттикнување на сензорите во умот

Ако ги слушате гласовите на ликовите од книгите дури и откако ќе престанете со читање, не паничете. Искуственото вкрстување е сосема безопасно. Иако постои честа заблуда дека слушните халуцинации се знак за психолошки нарушувања како шизофренија, голем број луѓе кои ги немаат овие нарушувања слушаат гласови во нивните секојдневни животи, особено писателите и страствените читатели.

Во 2014, весникот „Гардијан“ се здружил со истражувачи за да испитаат 1500 посетители на Меѓународниот книжевен фестивал во Единбург. Според „Њујорк Магазин“, 400 волонтери давале свои примери за типовите сензорни искуства кои ги имале додека читале добра книга и откако ќе престанеле со читање. Овие искуства вклучувале чувствување на гласовите на ликовите, нивните реакции и за некои од луѓето тука влегувале и „пејсажите, времето, мирисите, допирите и звуковите“ опишани од самите ликови.

Зошто се случува ова?

Истражувачитe сѐ уште работат на откривање конечен одговор, но тие забележале дека луѓето кои го имаат ова дживеано тие исто така зборуваат самите со себе (уште една карактеристика која е изненадувачка). За некои читатели ова мжеби се случува затоа што веројатно ликот ги потсетува на некој пријател или можеби на самите себе. Во тој случај, можно е гласот на ликот да претставува дел од вашата личност.

Напишете коментар