Skip to content

Пишување

Пишувам за тебе

Како да не постоиш во ова време

И во овој простор

Пишувам за тебе

Како да постоеше само во сказните

Како да постоиш само на лист хартија

Како да ќе постоиш само во моето срце.

Но, ти си насекаде

Во секое време,

Во целиот простор

И сите мои сказни ќе ги напишам за тебе.

 

Напишете коментар