Skip to content

Мисли од Лав Н. Толстој, кој важи за еден од најголемите романописци на сите времиња

Лав Николаевич Толстој, бил руски писател, најпознат по неговите романи и новели, богати со психолошка анализа и морално-филозофски белези.

Толстој се смета за еден од најголемите романописци на сите времиња, во прв ред поради неговите најпознати дела, Војна и мир, историска и реална реконструкција на наполенските војни и кримската војна и Ана Каренина, трагична љубовна приказна. Како морален филозоф, Толстој е познат по своите идеи за ненасилниот отпор, искажани во неговото дело Царството Божје е во тебе. Овие идеи извршиле големо влијание врз Махатма Ганди, Роман Роланд и Мартин Лутер Кинг. Покрај писател, Толстој е познат и како морален мислител и реформатор, кој извршил огромно влијание на христијанскиот анархизам. Во тој поглед било создадено Толстојското општествено движење, а самиот Толстој, иако бил воодушевен од создавањето на вакво движење, никогаш не ги охрабрувал луѓето да се приклучат кон него, сметајќи дека секој треба да има своја свест.

Еве листа од неговите мудри мисли кои ја докажуваат неговата извонредност и заслуженоста за сите негови останати епитети.

„Во име Господово, запрете за миг, прекинете со работа и погледнете околу себе.“

„Еден од најголемите услови за среќа е дека врската меѓу човекот и природата не смее да биде прекината.“

„Здодевност: желба за желби.“

„Не постои значајност таму каде што нема едноставност, добрина и вистина.“

„Единствената смисла на животот е да му се служи на човештвото.“

„Му се бесам на човека на врат, давејќи го и терајќи го да ме носи, а сепак се убедувам себеси и останатите дека ми е жал за него и дека посакувам да му олеснам на секој можен начин – освен да му се симнам од вратот.“

„Неверојатно е колкава е заблудата за тоа дека убавината е добрина.“

„Сите среќни семејства наликуваат едно на друго, секое несреќно семејство е несреќно на свој начин“.

„Љубовта е живот. Сè, сè што разбирам, разбирам бидејќи љубам“.

„Сè доаѓа во вистинско време за оној што знае да чека“.

„Двата најмоќни воини се трпението и времето.“

„Музиката е стенографија на емоциите.“

„Сите размислуваат за промена на светот, но никој не мисли да се промени самиот.“

„Уметноста не е ракотворба туку пренос на чувства кои уметникот ги доживеал.“

„Вистината, исто како и златото, се добива не со зголемување на количината, туку со отстранување на сè она што не е злато.“

„Вистинскиот живот се живее кога се случуваат мали промени.“

„Вербата е смислата на животот, смисла заради која човекот не се уништува себеси туку продолжува да живее. Тоа е силата по која живееме.“

„Луѓето живеат не заради грижата за себе туку за љубовта што другите ја чувствуваат за нив.“

„Изгубивме бидејќи си рековме себеси дека сме изгубиле.“

„Историчарите се како глуви луѓе кои продолжуваат да даваат одговори на прашања кои никој не им ги поставил.“

„Да се каже дека некое уметничко дело е добро, но неразбирливо за повеќемина, е исто како да се каже дека одредена храна е многу добра, но повеќето луѓе не можат да ја јадат.“

 „Кога сакате некого, ја сакате личноста која навистина е, а не личноста која вие би сакале да биде.“

„Ако сакаш да бидеш среќен, едноставно биди.“

„Грешката никогаш не може да биде поправена со грешка, а злото никогаш не може да биде протерано со зло.“

„Среќата не зависи од надворешните работи, туку од начинот на кој ние гледаме на нив.“

„Искористи ги моментите на среќа, сакај и биди сакан! Тоа е единствената реалност во светот, сè друго е заблуда. Единствената работа за која сме заинтересирани е токму тука.“

Постои само едно време кое е важно – Сегашноста! Тоа е најважното време бидејќи е единственото во кое имаме некаква моќ.“

„Погрешното не престанува да биде погрешно бидејќи мнозинството учествува во тоа.“

„Најголемите вистини се наједноставни.“

„Дај му поголем одмор на јазикот отколку на рацете“.

„Зборувај само за она што го разбираш, во спротивно молчи“.

„Се плашиме од она што го сакаме“.

„Често слушаме како младоста вели: „Не сакам да живеам со туѓ разум, сакам да размислувам сама“. Земи го она што е готово и продолжи понатаму. Во тоа е силата на човештово“.

 „Тешко е да се спознае Бог, но, тоа не значи дека го нема. Тоа е знак на неговата величенственост, а не на нашата слабост“.

„Мозокот на човек без разбота е омилено прибежиште на ѓаволот“.

„Личната среќа не е возможна надвор од општеството, како што животот на билките не е возможен ако се извадени од земјата и фрлени во неплоден песок“.

„Причината за многу несреќи лежи на дното од винската чаша“.

„Не треба да се срамите од никаква работа, па дури и од најодвратната. Треба да се срамите од животот како неработник“.

„Не вознемирувај никој друг со она што можеш сам да го направиш“.

„Никогаш не ги слушајте другите кои зборуваат лошо за другите, а добро за вас“.

„Седум пати прегризи јазик пред да почнеш да зборуваш“.

„Треба да знаеш дека освен задоволството, постојат среќа и мир на други луѓе“.

„Она што поминало повеќе не постои, она што ќе биде уште не дошло. Што постои тогаш? Само онаа точка во која се среќаваат минатото и иднината. Ете, во таа точка е целиот наш живот.“

„Во шахот како и во животот, ги забележуваме сопствените грешки дури кога другите ќе ги направат“.

Напишете коментар