Skip to content

Ќе дојдат други денови – Пабло Неруда

Ќе дојдат други денови, ќе стане чујно
молчењето на билките и планетата,
и колку скромни работи ќе поминат!
На месечината ќе мирисаат виолини!

Можеби лебот ќе биде како тебе:
ќе го има твојот глас, зрното твоето потекло
и други работи ќе зборува со твојот глас:
игубен коњ дорат во златна есен.

Иако нема да биде како што е судено,
љубовта ќе исполни огромно буре,
наместо мед, овчарски, стар.

и ти, во правта на моето срце
(каде ќе има огромни дуќани)
ќе одиш натаму-наваму помеѓу љубениците.

Напишете коментар