Skip to content

Сакај се, едноставно е

Сакај се затоа што си едноставно ти.

Сакај се затоа што не постои ниту една индивидуа иста како тебе, ти си оригинал.

Сакај се едноставно, искрено, детски, добродушно.

Сакај се како што би сакала да те сакаат.

Сакај се затоа што не ти треба причина за да се сакаш.

Сакај се затоа што вредиш многу повеќе отколку што мислиш.

Сакај се затоа што твојата природа е уникатна и се разликува од сите останати.

Сакај се како што ги сакаш твоите најблиски.

Сакај се доволно силно за да не си ја изгубиш сопствената вредност.

Сакај се затоа што не треба да чекаш некој друг да те сака повеќе од себе.

Зошто да се сакаш себе?

Сакај се за да можат другите да ја почувствуваат љубовта што се збрала во тебе.

Сакај се како што го сакаш утринското кафе со омилената книга.

Сакај се како што ги сакаш сите драги луѓе, и повеќе од тоа!

Сакај се затоа што си доволна самата на себеси.

Сакај се затоа што носиш љубов во себе, љубов чиста.

Сакај се затоа што никој нема да те сака како што можеш самата.

Сакај се затоа што најдобро се познаваш себеси.

Сакај се секогаш, во секое време и на секое место.

Сакај се себеси, запознај ги своите темни страни и прегрни ги.

Сакај се себеси, зошто никој нема да те сака повеќе!

01d4c126abea7998c04f49baaca8b94c

Сакај се себеси и препознај го оној што ќе те сака приближно како што се сакаш себе.

Сакај се себеси и не дозволувај да го изгубиш својот печат.

Сакај се себеси и биди своја и доследна на себе.

Сакај се себеси дури и кога не ти е до ништо.

Сакај се себеси и во најтешките моменти, љубовта ќе те излекува!

Сакај се себеси и кога грешиш, за да се покаеш и да си простиш.

Сакај се себеси и кога си ранлива истовремено и најсилна.

Сакај се себеси кога се сомневаш, за побрзо да го избркаш сомнежот.

Сакај се себеси и кога си премногу љубопитна, така само покажуваш дека се грижиш.

Сакај се себеси и кога светот заминал во погрешен правец, потребни се луѓе како тебе.

Сакај се себеси доволно за да направиш промена и да се сакаш уште повеќе после промената.

Сакај се себеси каква што си, а не каква што другите сакаат да бидеш.

Сакај се себеси како што умееш, а не колку што другите те сакаат.

Сакај се себеси поради себе и за себе. Заљуби се во себе.

Сакај се себеси целосно, комплетно и онака како што мислиш дека е најдобро.

Сакај се себеси, едноставно е и не те чини ништо освен размножување на љубов.

А, кога љубовта ја имаш во себе па ја делиш со останатите таа се размножува и ви ги прави животите полесни и комплетни.

 

Напишете коментар