Skip to content

Здив – Митре Мангоски Радождански

Тишница ја одвитка белата страница,
ме кани да напишам некој стих
одисејата е заледена во мислите.

Се приближува залезот на изгубените возбуди.
соништата се судруваат меѓу себе
венците ги украсуваат ѕидовите на ноќта.

На зајдисонцето на поразите
животот и крвта во помешаниот колорит
свенуваат на крајот од усните.

Зборовите омеѓени во нивното битие
сираци се во намесништвото на крвта
флуидот го потопува хоризонтот.

Меѓу две самотии се раѓа нов сон,
ќе ми ја земеш ли мерката на здивот
оплодувајќи ми ги усниве зажеднети!?

Напишете коментар