Skip to content

Промоција на книгата „Мојот Чекор“ од Мира Илијоска

Наша сограѓанка, роднокраен писател, една од нашите творци, член на литературниот клуб „КиТка“ од неговото формирање, 
ќе ја промовира својата стихозбирка “Мојот чекор”која излезе од печат пред две недели. Мира Илијоска основно и средно образование има завршено во Кичево. Студиите на високото образование ги остварува на Стоматолошкиот факултет во Скопје. Како доктор на стоматологија работеше во ЦОУ Д-р “Владимир Полежиноски” во Кичево, се’ до своето пензионирање. Првите поетски чекори ги прави во текот на ученичките денови на основното образование во рамките на литературните дружини. Учествувајќи на повеќе литературни конкурси,објавува песни во тогашните детски и младински списанија.

пишува на фб настанот


Обраќање од авторката Мира Илијоска:
“Своето скромно творештво, започнав да го пишувам од по одамна, меѓутоа, се до сега имам издадено само една книга, всушност тоа е збирка патеписи- записи од патувањата со мојот сопруг,спомени на кои имав желба да им дадам душа.Така всушност и се роди идејата за создавање на ова делото ,,ПАТУВАЊЕ НИЗ СПОМЕНИТЕ ‘’која беше издадена во 1999 год. Збирката поезија за деца ,,ЖУБОРЛИВИ ПОТОЧИЊА ‘’ е во фаза на подготовка за печатење, и романот ,,НЕПОКОРЕЦ ‘’ кој се уште е во ракопис. Пишувањето е желба која ја движи енергијата на човекот, да се создаваат дела кои ќе бидат сведоци на едно битисување и живот посветен на емоции, во кој писателот ја гасне својата жед , поттикнат од напливот на секојдневието”.

Промоцијата ќе се одржи на 30.11 во петок со почеток од 19 часот во малата сала во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево.

Слика од корица

Напишете коментар