Skip to content

Претставување на творештвото на Винка Саздова

НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола и Издавачкиот центар ТРИ со големо задоволство ве покануваат на средба со една од најпопуларните македонски авторки, Винка Саздова, и промоција на нејзиното творештво, што ќе се случи на 05.12.2018 (среда), во Салата за промоции, со почеток од 12 часот.

На оваа прва средба на Винка Саздова со битолската публика ќе имате можност да се запознаете одблизу со авторката чии романи допреа до илјадници читатели во Македонија, но и пошироко. За творештвото на Саздова ќе говори уште еден наш истакнат автор, проф. д-р Венко Андоновски.

Винка Саздова е автор е на романите „Последниот чај“ (2009), „Полиња со диви нарциси“ (2011), „Понекогаш доаѓа среќа“ (2013) и „Луна“ (2015). „Последниот чај“ е преведен на српски, хрватски и бугарски јазик.
Двапати ја има добиено наградата „Најчитан автор“ – во 2012 г. од НУБ „Св. Климент Охридски“, а во 2014 година од Градската библиотека „Браќа Миладиновци“.
Основач е на Издавачки центар ТРИ.

Среда, 05.12.2018, во 12 часот
Библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола
Сала за промоции 
– пишува на официјалниот фб настан

Напишете коментар