Skip to content

Вистинското пријателство е ретка птица на земјата – Фросина Паскоска

Животот е кратка трнлива патека, патека исполнета со препреки, препреки на кои човекот се препнува и паѓа. Послабите луѓе остануваат на земјата во заборавот на времето, а другите се оние силните, оние храбрите кои иако паднале знаат да станат, да ги истресат колената, да ја исправат главата и со насмевка на лицето да продолжат по трнливата патека.
Но, дали човек може да биде храбар , дали може да биде силен и среќен без љубов, без поддршка, без пријатели секако дека не. Оваа земја е мала а луѓето тука па и секаде во светот се премногу алчни. Нивната желба за повеќе никогаш не запира тука…Па сите сакаат повеќе и повеќе ….Ја сакаат мојата насмевка , ги сакаат твоите сини очи им недостасува љубов и среќа, но имаат полни џебови.
И дали денес во ова бурно време време без вредности и емоции човек може да пронајде некој кој ќе му биде пријател? Секој би сакал пријател со кој ќе биде среќен и пријател кој секогаш ќе биде рамо за плачење.
Човекот е ранливо суштество па секој барем еднаш во својот живот би посакал некој да му подаде рака во невоља. Зарем вие не сте жедни за рака која во секој момент е подготвена да ги избрише солзите од вашето лице?
Можеби вистинско пријателство нема , бидејќи ретки се луѓето кои молчат и трпеливо слушаат додека вие им ги прераскажувате импресиите од минатата вечер. Вистинските пријатели не можат да бидат животните иако тие знаат да слушаат и можеби можат да помогнат, но во никој случај не можат да дадат пријателски совет. Пријателите се тука иако можеби се ретки како некој посебен вид птица но, сепак се тука меѓу нас.
Единствено што треба да направите е да ја подадете вашата рака за да слета птицата на вашата дланка или само мирно да застанете за да му дозволите на гулабот да застане на вашето рамо и едноставно да заплаче. Бидејќи да!
Луѓето се како гулабите со различни предиспозиции и различен надворешен изглед, но со меки души и железни порти заклушени со оловни катанци.
Бидете човек бидејќи само вистинскиот човек знае да помага, да подаде рака, да се смее и да плаче со вас тоа е вистински приајтел.
Да се биде вистински другар значи да се има големо срце во кое ќе има љубов за сите, да се има долги раце кои ќе помогнат во невоља, а вакви другари се само големите луѓе. За да бидете пријател пред се бидете човек дарувајте убави зборови кои железни врати отвораат и помагајте секому бидејќи никогаш не може да знаете на чија врата ќе треба да зачука вашата гордост.

Автор: Фросина Паскоска

Напишете коментар