Skip to content

Животот во љубовта – Крсте Демерџиев

Што е љубов? Љубовта што ја опишувам е таа кој ви создава пеперутки кога на ум доаѓа одредена личност. Само размислувајќи на таа одредена личност може да биде доволно за да се насмееме и да ни го усоврши нашиот ден и сите грижи да исчезнат. Токму сега таа личност ми доаѓа на ум. Тоа не е ниту уништување ниту занес, а многумина се спремни да направат нешто за ова нешто што се нарекува љубов. Љубовта може да наштети како што минува времето, а луѓето исто така можат да бидат заслепени од неа, таа претставува меч со две острици.
Знам дека ова прашање постои во умот на секое човечко суштество вклучувајќи ме и мене. Ако не, сè уште чека да биде откриено длабоко во твоето срце.
Што мислам на љубовта? За мене, верувам дека љубовта е бесценет дијамант, бидејќи дијамантот има илјадници рефлексии, а секоја рефлексија претставува една смисла на љубовта. Со љубов можам да ги прифатам несовршеностите на една личност без да се покаам или да размислам по втор пат и да можам со неа да се чувствувам како да сум на врвот на светот дури и ако сум на дното .
Со љубов можам да ја имам моќта против осаменоста, тагата и болеста и да можам сите нив да ги променам во мојата среќа. Исто така, имам клуч за отворање на моето срце за да го гледам овој свет без маска и моментот кога ќе го напуштам светот ниту за еден момент да не се покаам. Но, од друга страна, мојата љубов не може да биде замена за ништо.
Тоа исто така значи дека овие рефлексии на дијамантот не можат да се заменат со било каков вид светлина или одраз бидејќи една различна рефлексија и нема да биде вистински дијамант и нема да може да го рашири својот сјаен и значаен одраз на љубовта кон луѓето за кои би го дал моето срце.

Ние сите сме овде поради љубовта, љубовта е постара од нас, таа е овде пред ние да се родиме таа е околу нас додека живееме и ќе продолжи да живее ние кога ќе си заминеме. Ние никогаш не можеме да го знаеме точниот момент кога ќе се запознаеме со љубовта, кога нашето срце ќе скока во нас за таа една личност, но секогаш треба да бидеме подготвени за тој еден момент и да не ја испуштиме нашата шанса. Животот е чудно нешто, ништо не е совршено, дури ни љубота. Моментот кога ќе ја искажеме кон некоја личност и таа не го чуствуа истото може да боли, но таа болка набргу ќе помине, еден ден таа љубов ќе биде возвратена и за сите неуспеси пред тоа наградата ке биде бесценета. Но, не смееме да си дозволиме да бидеме искористени само поради нашите чувства кон некоја личност, не смееме да дозволиме да не искористат бидејки тогаш болката само расте и многу е потешко да си замине. Љубовта не мора да биде изразена само кон посебната личност која ни влегла во нашето срце. Нашето семејство отсекогаш ќе биде првиот кој ќе ни ја покаже љубовта, уште од моментот кога сме родени нашето семејство нас ќе нè негува, ќе ни дава љубов и така ќе продолжи сè до крајот на нашиот живот. Постои и љубовта кон пријателите.
Ние денес живееме во свет каде што е тешко да најдеш пријатели со кои можеш да ги споделиш твоите тајни и пасии, постојат и лажни другари кои би те оставиле моментот кога ќе ти затреба помош, а подоцна ќе бараат помош.
Тие за цел имаат само да те повредат, да не уништат како личност, но дури и да нè оставиле во најтешкиот момент, тоа што не нè убива не прави посилни, ние ќе се вратиме на нашите нозе и кога тој ќе падне на дното каде што сме биле и ние нема да му дозволиме да седи таму, ќе му помогнеме и ќе го научиме што значи да бидеш другар и да го подржуваш твојот најблизок. Последниот, но не и најнебитниот вид на љубов е љубовта кон нашите пасии. Што сакаме да создадеме додека живееме, на кој начин ќе го напуштиме светот подобар отколку што го пронајдовме, овие се прашања кои си ги поставуваме секој ден, но не е тоа доволно. Никогаш не е доволно само да сонуваме, бидејќи соништата се нешта кои само ние ги гледаме но ако успееме да ги претвориме соништата во реалност тогаш секој од нас кој живее на овој свет ќе може да го види трудот кое со сето срце верувавме и се трудевме.

“Најголемата среќа во животот е да сакаш и да бидеш сакан”. Ова е изрека која си ја велам секој момент и во која потполно верувам. Љубовта не е совршено, но зарем мора да е. Ако сè е совршено и ако немаме никаде предизвици, животот ќе е здодевен. Со секое ново утро како што ќе ги гледаме сончевите зраци како нè допираат, е нов ден со нови предизвици, но и нови решенија. Секој нов ден нас нè носи поблиску до нашата цел и никогаш нема да застанеме додека не ја достигнеме. Ние сме сите овде со цел, таа цел ја знаеме само ние и никој друг. Никогаш не се сомневаме во неа и со нас таа останува до крајот на нашиот животот.

Автор: Крсте Демерџиев

Напишете коментар