Skip to content

Концерт – Цеца Видова -Трајческа

Воздухот го цепеше секоја нова воздишка во ладната декемвриска вечер, додека тишината се закачуваше на аглите од работната соба и го брануваше секој шум на ветрот што однадвор и се закануваше на тишината.
Професорката Младеновска не ја ни забележуваше атмосферата во која и самата беш централен лик, наспроти купот од есеи и семинарски работи кои беа распослани на бирото, Веќе долго време ја прелистуваше една тетратака од која надѕираше уреден ракопис и посебен стил на изразување. Тука всушност и запре работата на професорката Анастасија Младеновска, долго време после прочитниот есеј гледаше во некоја точка што ја немаше во просторијата и како да се насмевнуваше, а потоа страшен грч и го обземаше лицето и ѝ ги полнеше зениците со солзи кои светкаа како снегулките во снегот.
Анастасија после овој итересен текст не можеше и не сакаше да продолжи понатаму да ги прегледува трудовите на своите ученици и покрај тоа што несебично уживаше секогаш кога ги прегледуваше трудовите на учениците од четврта година. Се восихитуваше на симбиозата на зрелоста и крајот на детските години, младешкиот занес и првите почетоци на зрелоста. Смиреноста ја распарчи ненадејниот звук од телефонот.
Анстасија замислено ја зграпчи бањарката и замина под капките на врелиот туш, цели цитати од текстот ѝ се мотаа низ главата, чудни звуци и го исполнуваа просторот во туш кабината.
„…Сите имаме желби што сакаме во Новата година да ни бидат реалност, сакам на столчето на концертот да го видам лицето на мајка ми, сакам нејзиниот лик да ми биде инспирација за секоја нота на пијаното….“
Цели цитати поврзани и неповрзани и правеа чуден виор во главата на професорката Анастасија Младеновска, се напрегаше да си ги стави сите коцки на своето место. И повторно истата нишка и ги разбиструваше мислите
– Оф Боже драги, додека некои ученици имаат сé и нивната желба е да го имаат најскапиот мобилен телефон или автомобил, а некои ученици се соочуваат со најскромнит желби и пак не можат да им се исполнат, многу свирепо, тажно и вистинито.
Ноќта беше долга сонот никако не доаѓаше во прегратките на Анастсија, многу доцна сонот ја совлада и успеа да спие само два часа пред алармот што секој ден во исто време го најавуваше новиот ден.
Денеска Анастасија со насмвка го поздрави денот и со брзање се втурна во автомобилот кој ја однесе на училиштето во кое веќе 15 години работеше и се вложувааше со сите сили за учениците.
Секоја нова генерација ја дочекуваше со радости со тага и солзи ја испраќаше секоја зрела генерација матуранти кои долго по завршувањето ги паметеа цитатите и стиховите на професорката Анастасија Младеновска што на секој час им ги кажуваше со многу љубов и емоции.
Низ ходникот уште првиот час го бареше Петар, ученикот чиј текст ѝ го одзема сонот и спокојот изминатата ноќ. Низ толпата ученици што го исполнуваа ходникот го загледа Петар, потпрен на парното во ходникот и загледан во белината на снегот низ прозорецот и со мислите кој знае каде.
Петар секогаш се разликуваше од своите соученици во поглед на зрелоста и размислувањата што ги имаше на сите дебати и писмени вежби, ама вистината на неговата зрелост била сосем поинаква.
Петар е ученик кој покрај обврските на училиште свири и пијано и сите негови мечти и желби ги преточува во сраст кон музката и пијаното.
Вечерва во Битола ќе биде неговиот настап како соло пијанист на годишниот концерт. Сите учесници имаат од организаторот резервирано по четири слободни места за семејството, а местата на Петар вечерва ќе бидат празни. Неговото семејство вечерва нема да биде покрј него во најубавите и најинспиративните моменти. Родителите на Петар се во странство веќе неколку години, додека трае лекувањето на неговата мајка. Петар живее сам со својата слепа бабичка и покрај обврските кон училиштето, тој уште и се грижи за потребите на баба си.
Ама вечерва ниту баба му нема да биде на едно од четирите места за семејството.
Професорката Анастасија со поглед го прочита расположениоето на Петар и немаше потреба од никакви прашања разбра сѐ од тажниот поглед на ученикот. Денот полека ги предиплуваше последните часови, автомобилот на професорката Анастасија Младеновска, се приближуваше до концертната сала во домот на културата во Битола. Кога влезе во салата веќе беше делумно исполнета со посетителите, ги побара слободните места за семејството на пијанистот Петар, седна на средина и со нетрпение го исчекуваше почетокот на концертот.
Концертот со соло изведба го отвори пијнистот Петар Николовски, неговото присуство беше поздравено со силен аплауз. Петар со поглед што сакаше да го заобиколи гледаше во местото каде требаше да седи неговото семејство и одеднаш една позната силуета му го запре погледот.
Се насмевна, задоволен и делумно збунет, се поклони и упати кон публиката само неколку зборови:

-Овој настап ѝ го посветувам на мајка ми и на жената што вечерва ме гледа со очите на мојата мајка.

Автор: Цеца Видова -Трајческа

Напишете коментар