Skip to content

Објавен четвртиот број на „Современост“ за 2018 година

Во четвртиот и последен број на списанието за литература, култура и уметност „Современост“ за 2018. година се вклучени 50-на прилози од различни рубрики на 185 страници.

Поезијата со која се отвора бројот е од творци кои припаѓаат на различни генерации, вклучувајќи ги: Мишо Китаноски, Зоран Радически, Цветанче Костоска, Давор Стојановски, Перица Сарџоски, Славчо Ковилоски, Александар Маџаровски, Славица Петревска Диневска, Мирослав Кировски, Иван Стојановски, Сања Атанасовска, Маја Нестороска, Стефан Костоски и Томе Таушанов.

Меѓу застапените автори од странство се вбројуваат препеви од познатиот руски поет Вјачеслав Купријанов, бугарските поетеси Валентина Стефанова Јотова и Мила Ламбовска, како и избор од современата хрватска поезија: Никола Шимиќ-Тонин, Анте Грегов, Андреја Малта, Звонко Чулина, Јосо Некиќ, Анте Надомир Тадиќ, Ивица Ушљебрка, Жаклина Кутија, Мирјана Мајиќ, Марко Периќ и Јулија Јеласка.

Уредничкиот тим на списанието предводен од Стефан Марковски, Снежана Стојчевска и Никола Алтиев и во овој број застапи автори со прозни текстови, сценарио, научно-теориски статии и рецензии, а бројот е заокружен со интервју со руската драмска авторка од движењето „Нова драма“ Јарослава Пулинович кое го направи македонската театарска режисерка Дејана Николовска.

Напишете коментар