Skip to content

Рингишпил – Маја Трајковска Тоника

Јунско попладне, во полјанката пред куќата на тетка Митана се истовараа камиони полни со еден куп железо.
Толку бев љубопитна па наѕирав од прозорецот дали можам да дознаам кој пристигнал на полјанката. Ми наликуваше дека  циркузантите дошле повторно и оваа година. Но, набрзо пред да почне да се примрачува и ноќта да паѓа се издигна купот од железо на широчинката.
– Рингишпил извикав!
– Цеце тоа е рингишпил излези да видиш каков е убав.
Имаше убава сина боја со шарани слики од дечиња насликани високо на кругот од тркалото. Бев нестрплива да се вртам на него, многу сакав да почне со работа.
Другиот ден чичко Рамче го отвори рингишпилот за посетителите, него го знам години наназад, секоја година доаѓаше на ова место. 
Едвај дочекавме сите да седнеме на металните седишта и да се возиме со рингишпилот.
Купив карта и седнав да се повозам, го ставив синџирот околу појасот. 
Имаше светла во разлочни бои и ноќта ја правеа магична.
Во позадина се слушаше силна музика патниците седеа, нестрпливо чекаа да започне турата. Зад мене седна едно убаво момче со кадрави бакарни коси, маслинести очи, бисерно бели заби и широка насмевка.
– Добро вечер убавице! 
– Изусти, а јас се вцрвенив во образите.
Ниедно момче дотогаш ми немаше речено ниту здраво, а камо ли добра вечер.
-Добро вечер, му реков и си ја завртев главата. 
– Сакаш да ти ја туркам корпата што посилно да леташ во воздухот додека се вртиме, така може ќе освоиме награда.
Но, јас збунето го погледнав под око, имаше прекрасен поглед со кои ноќта ја направи магична.
Маслинестите очи во облик на бадеми.
Не верував дека со некој незнајник ќе се зближам до толку па ќе му дадам да ми ја турка корпата. Не знам зошто но тој поглед ме маѓепса, а срцето почна забрзано да ми чука како часовникот од кулата стара. Му дозволив да ми ја турка корпата, а возењето не беше уште започнато. Одеднаш силно ми се заврте во главата, момчето ги сплете синџирите на корпите вртејќи ги во круг. Корпите се свтреа една наспроти друга, а погледите ни се сретнаа.
Од гласната музика не се слушаше добро, но вперениот поглед уште повеќе ме збуни. 
Тој проговори,
-Знаеш убавице од кога сакам да ти пријдам, но никако немав храброст, имаш убави сини очи од кои зрачи љубов и топлина.
– Толку многу ги засакав што еве турава на рингишпилов не сакам да заврши.
– Сакам засекогаш да сме вака со вкрстени ланци.
– Божевствена си мала, а и црвените образи ти стојат прекрасно, на тоа пегасто лице.
Останав подзината од зборовите што ги слушнав, а срцето мислев ќе ми искочи од градите, седев заробена во синџири и ланци со непознато момче кое ми изразува љубов.
Јас немо стоев и блеев како овца во тие маслинести очи.
Не знаев ни збор да изустам, јас која беше научена баш да им пркоси на сите, не останував покуса, а да не возвратам.
Набргу се помести кругот, возењето започна, со забрзувањето рингишпилот стануваше се побрз и поширок.
Набргу момчето ги отплете синџирите и корпарта во која се вртев јас силно ја потурна со нозете. Корпата се вивна во височината, имав чувство како да лебдам во безвременска машина во која има безброј светла.
Набргу извика: 
– Подај ми ја раката, да те дофатам, па повторно ќе те побутнам.
– Ја испружив раката во просторот набргу со неговата дланка ја допре мојата, цврсто ја зграпчи и ме повлече при себе.
– Немој да ми ја испуптиш раката му велам, цврсто држи ме имам голем страв.
– Не се плаши убавице, нема да дозволам да паднеш, препушти се на слободата и летај во просторот.
Повторно се зближија корпите, синџирите се вкрстија и одново со нозете ја побутна корпата, се вивнав уште повеќе од другите, ги раширив рацете и силно извикував. Се чувствував слободна, а со секое свртување наназад погледите ни се сретнуваа.
Последниот круг од рингишпилот, се свртев накај него и одеднаш се слушна силен глас…
– Те љубам моја пегава клинке, 
– Те љубам, те љубам….!!!
Срцето почна да ми чука сега уште посилно, целата бев вцрвенета, со солзи во очите од силниот ветер кој ми го шибаше лицето. Не знам што ми се случи, но се вљубив во непознатото момче.
Ние се вртиме во круг, ама не знаеме ништо еден за друг. Тој не го знае моето име, а јас неговото, само рингишпилот е виновен за нашата средба и желбата да се добие награда уште еден круг возење со железните корпи.
Рингишпилот се смири на микрофонот се слушна гласот на Рамче, победници се дечкото со белата маица и девојката со долгите руси коси, Меги.
– Меги колку убаво име имаш убавице, значи мојата Меги има убави пеги.
Ми се вжарија образите дотолку да ме боцнеа со игла ќе ми испукаше врелината која ја чувствував.
– Може да те бакнам?
– Ме праша, а јас само му климнав со главата не.
– Но, зошто нели заслужувам бакнеж за победава, како ќе се вртеше повторно на ронгишпилот ако не бев јас.
– Те молам, само еден бакнеж на образи, еве ветувам дека нема усните да ти ги бакнам.
– Јас не сум од оние кои лесно паѓаат на еден круг од рингишпилот, впрочем ти мене ми пријде а не јас, сега заврзи се цврсто да се провозиме и уживаме во наградата.
Започна нова тура, рингишпилот се ширеше и ширеше како крошната на балерината, а ние бевме патници низ времето. Исполнети со насмевки, црвени обравчиња, деца кои на првиот поглед се вљубија. Вртењето заврши ние се повеќе се зближивме, а во еден момент кога го напуштив просторот, се сопнав од каменот и паднав во неговата прегратка.
Очите ни гореа светкаа како ѕиници во ноќта од љубовен пламен срцата ни биеја силно во градите. Се исправив полека и од ногата ми потече крв, имав силни болки, но не покажував слабост. Ми годеше прегратката, ногата стануваше повеќе отечена и крвава, тој ме крена во раце и веднаш ме однесе до ивицата на тротоарот. Пред да ме спушти се заврте и ме бакна во усните, прегратките стануваа се посилни бакнежите се повозбудени.
-Леле ….! Си помислив, па јас ни името не му го знам!
– По убавиот бакнеж ме спушти на тротоарот и го прашав 
– Како се викаш?
– Кратко одговори Антонио ….!
Ех моја Меги се вљубив на првиот поглед во твоите сини очи, пегастото лице, и убавата насмевка.
– Може ќе ми бидеш еден ден и невеста…кој знае…!

Автор: Маја Трајковска – Тоника

Напишете коментар