Skip to content

Убавината и уметноста – човечка духовна храна и потреба

  • by

Потребата по вечното низ динамиката од материјалното, неуништлива материја е релативна, но и индивидуална.
За мене граѓата е човекот, само тој е вечен. Еволуцијата направила човекот да се надмине себеси. А тој творејќи отворил широки врати, создавал нови светови.
Уметноста е производ на човековата потреба. Кога човек има потреба од нешто, тоа станува есенцијален дел без кој може да помине пет денови. Но следните не би можел да ги замисли без некоја тивка мелодија, случајно погледнато тело на совршено извајана женска фигура или пак машка. Прецизно доловен емотивен момент на слика од Моне или Дали, можда некоја реченица од По или низа реченици од Бокачо.

Пред да се родат сите полезни уметнички дела постоело само едно големо ништо, кое прераснувало во цртање по пештерите и удирање по некој праисториски предмет кој обично го користеле во домаќинствата. И од кој би можел да се произведе звук за да се дојде постепено до сликовното писмо, кинеските плочи и да се развива фонетското писмо.
Со постоењето се соочуваме секој ден, а тоа не претставува ништо друго освен производ на милион потреби. Милион одрекувања, милион аргумент за и против. И ако некогаш сакаме да знаеме дали тоа секогаш било така – одговор би добиле доколку би дочекале како би било следно.

Во светот за чија изградба не сме биле присутни, битието не доживува развојни етапи, туку патува кон уметноста. Нешто во подоцнежното минато, кога сознал дека треба да живее вечно почнал да пишува биографии. Кога доживувал среќа – таква каква што не може да се опише, имал потреба од фотоапаратот.
Окото е дизајнирано да го насочува погледот кон естетското, а тоа е причината да се создадат нереалните превисоки критериуми што општеството ги налага, според кои ја градиме сликата за убавото.

Во еден пример од литературата каде главниот лик во едно дело на Томас Ман почнува да го негува восхитот што го чувствува за едно младо момче кое добива полубожествен карактер од хиперболизираните епитети.
Во таква ситуација, каде разумот е нем, а убавината е дострел – исходот е негативен. Нашиот разум не е доволно силен да ја надживее границата на уметноста која ги надминала крајните екстреми. Таа излегла од нашите морални сфаќања за истата.

И кога и нам окото би нѝ го зафатило одреден агол од видното поле што вели: „Не го испуштај погледот од мене“, запрашај како модел гради општата маса. Твојот субјективен и разумен суд не би се очекувал, зашто пред убавите – очајно и боговите молчат.
Кога се патува без дестинација, дестинацијата станува она што се патува. Така живата материја што постојано твори станала уметност, а за да се одржи не може да постојат само новите видови. Тие мора да стареат и да се појават поновите што ќе им го заземат местото на веќе постоечките.

Сè се одвива според законитост, според движење.
И ништо друго не е виновно за секој еден ситен дел што и само малку се разликува од целината. Никој не е виновен ни за стариот човек што го „фрлил“ окото онаму каде што општеството вели „не“.

Ако нешто постои – постои поради уметноста, а ако нештото се јавува и не е предодредено да постои, тогаш зошто нѝ го нарушува мирот?
Ионака уживаме да градиме нешто свое и да ја плаќаме цената за истото.
Исто како таа што ја плаќа цената за различностите во светот.

Анамарија Наумовска

Напишете коментар