Skip to content

Доаѓа златно време на книгата – Душко Трифуновски

  • by

„Доаѓа златно време на книгата“, велам. Ајде, нека не е книга, нека е само краток расказ или песна, но, доаѓа време кога ова монотоно црнило околу нас станува толку здодевно, што спасот го бараме во шаренилото на секоја буква.

Можеби некој се сетил да им одреди боја на буквите, да направи поделба на темни и светли, како што вокалите се широки, затворени или средни.

Повозрасните ќе се сетат на викенд-романчињата на српско-хрватски јазик кои биле актуелни во ’90тите години. Е, колку од Вас беа навлечени на идентичната љубовна матрица која авторите ја имаа употребувано при пишување на приказната, та со секое читање Ве навлекуваше на продолжение? Претпоставувам, бевте навлечени како на екстази и разни опиуми.

Учениците ги поттикнуваме да прочитаат сè што е предмет на работа во образование, под поимот лектира. „Калеш Анѓа“, „Бојан“, „Том Соер“… Тоа се книги кои се читаат само тогаш, еднаш во животот им е пружена таа шанса и никогаш повеќе. Можеби некој ќе се сети да ѝ подлегне на носталгијата од Титовото време и да ја допре „Дружината братско стебло“, но, само да ја допре и без да ја прочита поради едноставност на содржината. Токму затоа, лектирите се читаат само еднаш.

На мојата младост ѝ подарив романтична комедија која сакав да излечи секаква душа ранета, да развие возбуда кај секој млад човек, да убие здодевност кај возрасните, а притоа, да им влеам на учениците мотив за читање. И зошто? Затоа што наставникот ја напиша таа книга-ЗА ДВА ДЕНА РЕЧЕ „ДА“.

Iнтелектуалец не станува оној кој перфектно си ја врши својата работа, туку оној кој зад себе има стотина книги наредени на полица – оној кој не знае каде да ги смести сите книги. Е, токму затоа доаѓа златното време на книгата.

Би пишувал за оние луѓе кои читаат во автобус, кои чекаат на преглед во болници, на луѓе кои одмораат седнати во парк… Би пишувал за сите кои се во времето на книгите.

И кога зборовите би биле неми, и кога не би знаеле да ми го кажат нивното значење, пак би ги напишал. Авторите се тука да ги оживеат!

Напишете коментар