Skip to content

Сакаме да го слушнеме вашиот глас!

Како што кажува и самиот наслов. Пишувате? Имате напишано нешто кое сакате да го чујат останатите? Нешто со кое ќе инспирирате некого или едноставно ќе го кажете вашиот став во вид на кратка колумна? Некој проблем за кој можеби можете да понудите решение или сакате да го споделите за да може да стигне до повеќе луѓе за да се најде заедничко решение? Или едноставно сакате да ја споделите вашата поезија или проза со нашите члитатели?

Ние сме тука да ве ОХРАБРИМЕ и ПОТТИКНЕМЕ да ни ги испраќате вашите дела со цел да го поддржиме пишувањето и да ве мотивираме тоа да го правите почесто. Текстовите (литературните дела) ќе бидат објавени во посебна категорија – Вашиот глас. Сакаме да го чуеме вашиот глас бидејќи е важен.  

Нема рок за испраќање, нема возрасна граница ниту мора да сте веќе докажан автор за да испратите ваше дело.

Напомена: сите текстови прво ќе бидат прочитани, разгледани па доколку ги задоволуваат критериумите кои ги имаме поставено во нашата „политика“ на блогирање, ќе бидат објавени. Оние што нема да ги задоволат критериумите, нема да бидат објавени. 

П.С. делата може да подлежат на мали корекции околу правопис. Но ве советуваме да користите точен правопис и граматика.

Темата е СЛОБОДНА. Творбата испратете ни ја во ворд документ. Единствен “услов“ е песните да се подолги од 5 стиха, а прозните дела и остантите текстови да имаат минимум 250 зборови. Покажете ја вашата креативност во пишувањето споделувајќи ја со нас. Ние со задоволство ќе прочитаме и споделиме.

Важно: можете да испраќате со ваш идентитет (име и презиме) или доколку сакате да останете анонимни испратете нѝ шифра (псевдоним) под која ќе го објавиме делото. Нема ограничување и во бројот на испратени дела – можете да испратите онолку литературни творби колку што вам ви одговара. Испратете на: krajbrezjenadvasveta@hotmail.com или [email protected], или во порака на нашата официјална фејсбук страна.

Ви ја претставивме нашата идеја, сега редот е ваш. Пратете ни, ќе ве прочитаме и ќе објавиме. НЕКА СЕ ЧУЕ ВАШИОТ ГЛАС.
Бидејќи гласот на народот не смее да биде само еден обичен крик. Ве очекуваме!

П.П.С. Авторските права се задржани, ставовите на авторите се лични и истите одговараат за оригиналноста на текстовите и не ги претставуваат ставовите на авторите од Крајбрежје.

Напишете коментар