Skip to content

Библиотека на тркала ќе им помага на децата во Италија да читаат повеќе

Пристапот до книги за некои деца може да биде тежок. Но еден човек во Италија нашол решение за овој проблем. Според него секое дете кое не чита се чувствува осамено.

Според BBC,  наставникот во пензија Antonio La Cava го формирал „Bibliomotocarro“, комбе со три тркала кое функционира како мобилна библиотека. Тој со своето комбе оди до оддалечените села во
„Basilicata“ во Италија за да им помогне на младите деца да го научат задоволството од читањето.

La Cava верува дека негувањето на интерес кон читањето е важно за децата.

„Изведувањето ваква активност има вредност, не само социјална или културолошка туку има одлично етичко значење“.

La Cava (пензионираниот учител) се надева дека колку повеќе внимание во вестите ќе добие неговата „Bibliomotocarro“ толку повеќе млади луѓе ќе бидат поттикнати да читаат.

Напишете коментар