Skip to content

Ех да сум – Марина Додевска

  • by

Ех да сум дух,
невидлив дух кој ќе те
посматра што правиш
без и ти самиот да го видиш,
ќе мислиш дека си далеку
од моиве очи иако си блиску.
Ех да сум твој кошмар
секоја вечер кога ќе легнеш
да не можеш очи да склопиш,
да се превртуваш во постела
се до зори и нестрпливо
да чекаш да зазори.
Ех да сум книга
па кога ќе ти здосади се
за земеш и да ме читаш
додека го пиеш своето кафе
седнат на фотелјата покрај прозорецот,
а надвор истураат капки дожд.
Ех да сум празен лист хартија
па да чкрташ по мене
се што ќе ти дојде на ум,
да го истуриш својот бес на мене
да ти олесни
па да го згужваш и
да го фрлиш во корпа.
Ех да сум крв
па да патувам слободно
по внатрешноста на твоето тело
од глава до петици.
Ех да сум обично копче
па да можам да ги зашијам раните
секојпат кога срцето ќе
ти биде скршено како моево.
Ех да сум улица
по која деноноќно ќе пешачиш
и ќе ги слушам твоите чекори по мене,
црвено вино со кое ќе
си ја гасиш тагата
и песна со која ќе ја ублажиш болката.
Ех да сум самовила со волшебно стапче
би ги вратила сите изгубени нешта,
би ги вратила сите спомени
и неостварени соништа,
би го вратила нашето среќно време.

Напишете коментар