Skip to content

Што требаше јас да направам? – Александар Михајловиќ

  • by

Има ли поврзаност помеѓу концептуалната уметност и пишувањето (поезија, проза, драма)? Хмм, да разгледаме неколку факти и размислувања, сигурен сум дека ќе произлезе нешто интересно.

Уметникот можеби не мора да ја разбере сопствената уметност. Неговата перцепција не е ниту подобра ниту полоша од онаа на другите. Сите идеи се уметност, ако се занимаваат со уметност и спаѓаат во уметничките конвенции. Ова се добри почетни аксиоми. Но, сепак потребата од уметност, онаа правата, е дел од секој сегмент на живеењето. Преточувањето на концептот на уметничка поставка во пишувано дело е неминовно, кога сакаме да достигнеме совршенство. Тука голема улога има мотивацијата на уметниците и идеата за нивно надополнување. Процесот на создавање на краен продукт во уметноста секој уметник го прави на свој сопствен и уникатен начин.
Посветеноста и пожртвуваноста во тој процес, исто така создаваат пат да се допре до публиката, затоа што целта е секогаш да се предизвикаат емоции.
Емоциите и критиката се важни за авторот, тие се показател на патот на уметничкиот момент.
Многу уметници со своите дела и работа биле инспирација за друг вид уметници. Но, доколку некој е инспириран од концептуална уметност и истото сака да го преработи и надополни во друг уметнички вид, дали тоа е плагијат? Сепак, секој уметник треба да биде оригинален во својот домен, па затоа тука доаѓа до уметнички парадокс. Уметноста е алатка за разбирање на светот, со сите свои подеми и падови. Идеите не треба да бидат сложени.
Повеќето идеи што се успешни се смешно едноставни.
Успешните идеи генерално имаат изглед на едноставност, бидејќи тие изгледаат неизбежни.
Во смисла на идеи, уметникот е слободен дури и да се изненади.
Тоа е процес на зачнување и реализација со кој се занимава уметникот. Откако ќе му даде физичка реалност, делото е отворено за перцепцијата на сите, вклучувајќи го и авторот.
Работата на уметноста може да се согледа само откако ќе биде завршена.

Можеби сето ова на прв поглед нема смисол, но може да послужи како добра идеа за размислување. Уметноста има свои правила, уметниците се тука да ги прекршуваат со својата себичност, посесивност, ранливост и да придонесат, инспирираат и создаваат уште повеќе квалитетни уметнички дела.
Уметноста е работа, продолжете со добрата работа!

Напишете коментар