Skip to content

Деца на сонцето

Ја прочитав најтажната песна на светов

За тоа како се изодени сите патишта

За тоа како отидовме толку далеку

Што сите деца кои сонувавме да ги имаме

Останаа без капка млеко,

Каде крвават мирисите

И каде од под лушпата на скршеното тело

Исползуваат ноќни цветови

Кои никогаш не виделе ден.

Не ни мирисаат.

Се зареков дека

Моите цвеќиња ќе мирисаат

Дека секој ден ќе се будат со светлината на сонцето.

Напишете коментар