Skip to content

САКАМ КНИГИ ја отвараат нивната прва книжарница

Овој Валентајн, вљубете се во вашата нова омилена книжарница! Ви закажуваме неповторливо рандеву, на 14.02.2019 во 19.00 часот – рандеву како ниедно друго досега – отворање на првата книжарница на САКАМ КНИГИ. – пишува на официјалниот настан на фб.

Книгољупци, овој Ден на вљубените ќе биде посебен, затоа што ќе ве чекаме со:

1. Бесплатни картички за лојалност, Reader’s Cards, кои ќе може да ги подигнете на отворањето за официјално да станете член на екипата на лојални читатели. Вашата нова Reader’s Card ќе ви овозможи собирање поени со секое купување во книжарницата на Сакам Книги, а собраните поени потоа можете да ги користите за нови бесплатни книги!

2. НОВА книга од легендарната Пам Џеноф – ВАГОНОТ СО СИРАЦИ, од печатница директно во книжарница по промотивна цена.

3. Над 3.000 книги од голем број македонски, српски, хрватски, англиски и американски издавачи.

4. Голем број аксесоари како: букмаркери, чаши, маици со натписи, капчиња, постери и друго.

Со оглед на тоа дека сите заедно долго го очекувавме овој момент и немаше да стигнеме до овде да не беше вашата бескрајна поддршка, љубов и лојалност, не сакаме ни да помислиме да почнеме без вас. Сериозно! Ве чекаме, екипо! – Повикуваат на вас, организаторите на настанот.

Читателска картичка од Сакам Книги

Напишете коментар