Skip to content

Ако мораш нешто да платиш со сопствениот мир – знај дека тоа е прескапо

Понекогаш најтешките рани не се оние кои нѝ ги нанесуваат другите туку најтешки се оние рани кои си ги нанесуваме самите. Тоа се оние бројни рани во кои ги откопуваме своите болни сеќавања. Рани во кои ги превртуваме своите престари разочарувања и го задржуваме во мислите сето она што ни го брише мирот. Најтешки се оние рани од кои ништо не учиме и кои не ни носат никакво животно школо, а се повторуваат секогаш одново. Но, за тие рани самите сме виновни. Зошто? Бидејќи одново им се враќаме и поради нив патиме. Најтешки се оние рани за кои немаме сили да си простиме себеси иако знаеме дека другите ни простиле. Најтешки се оние рани кога не правиме граница помеѓу себе и другите, оставајќи ја „границата“ отворена. Најтешки се оние рани во кои им дозволуваме на другите да се однесуваат кон нас онака како што тие сакаат наместо да им кажеме „до овде можеш, а понатаму не“.

Најтешки се оние рани во кои толку им веруваме на луѓето иако од нив безброј пати сме се разочарале мислејќи дека сега ќе постапат поинаку. Што прават тие? По стоти пат нè повредуваат. Тоа не се повеќе поединечни рани, туку цел спектар од повреди од кои организмот тешко се исцелува. Сè ова ни се случува затоа што го губиме свој мир поради некоја лажна надеж и ветувања. Кога го жртвуваме својот мир сакајќи да им удоволиме на оние кои истото не би го на правиле за нас. А потребно е само едно, да се биде свесен колкава вредност има сопствениот мир. Не трчајќи и не лазејќи пред другите, не компромитирајќи се за работи кои немаат сила да го задоволат нашето срце. Имајќи своја цел не дозволувајте да бидете лесно повредливи. Сè помалку од тоа значи секогаш одново задавање рани себеси.

Напишете коментар