Skip to content

Постои ли заборав? – Елена Николоска

  • by

Кога незаборавот
рацете ќе ги рашири,
копнежите,
веќе изрезбале
спомени врз душата
и трајност ѝ нанеле.
Лицето на човекот
овенало како есенски лист.
Сега само сонува,
за ангелски крилја да има,
слушајќи го шумолењето 
на дрвјата,
жуборењето на потокот
и црцорењето на птиците.
Одеднаш како да слушна
длабоко од гората
звук на харфа.
Како што свиреше
ко беше млада:
нежно допирајќи ги жиците.
Тоа беше нејзина поезија.
Толку време беше  поминало
искрата сè уште незгасната,
заборавот е лага.
Планинската куќичка
ѝ изгледаше раскошно,
со восхит ја гледаше 
својата силуета,
бледата сенка на ѕидот
од скоро догорената свеќа.
Коренот на мудрост
тлееше внатре во неа, длабоко,
со крилја раширени
како на пеперутка.
Немаше сомнеж веќе
татнеше гласот на незаборавот,                                                    
туѓ јазик.                                                                                          
А таа како сончогледов цвет                                  
што се врти кон сонцето,                                       
се вртеше кон незаборавот.

Авѕор: Елена Николоска

Напишете коментар