Skip to content

Два света

Се викаме крајбрежје

на два спротивни света

и веќе постоиме шест лета,

нам пишаниот збор не нѝ смета

ако не нè читате би било баш штета.

Нашите мисли се чисти

и сите луѓе нѝ се исти,

боиме денови во шарена боја

дали ќе нè поддржиш е одлука твоја.

Различни содржини нудиме

за емоции да разбудиме,

буквите од сè срце ги љубиме

сè што е вредно го фалиме.

Споете го вашиот свет

заедно со нас,

нека се чуе вашиот глас

ве повикуваме во овој час.

Н.Н

Напишете коментар