Skip to content

Тежок избор – што би направиле вие?

Во следнава приказна ќе ви претставиме еден хипотетички проблем и како истиот би се решил на креативен начин.
Замислете дека се возите во ноќно време со вашиот автомобил, а надвор има бура, незгодно време со грмотевици и истура дожд. Додека се возите на патот забележувате тројца луѓе. Едниот од нив е вашиот стар пријател кој порано ви го спасил животот, потоа една жена која е пред умирање на која ѝ треба итна помош и вашата сродна душа која имате можност тогаш да ја запознаете или никогаш повеќе да не ја видите во вашиот живот.

Кој од овие тројца би ги зеле во вашиот автомобил за да не стои на патот, а притоа можете само еден од нив? Во вашата кола место има само за уште еден патник. Дали би го зеле вашиот пријател кој ви го спасил животот на кој му се чувствувате должен, жената на која ѝ е потребна помош или љубовта која конечно ја пронајдовте? Кој би бил вашиот избор? Решението е многу интересно.

Изборот кој е најкреативен и кој покажува дека на проблемите треба да им се пристапува на креативен начин е следниот:

Ќе му ги дадете клучевите од автомобилот на вашиот пријател, а тој ќе треба да ја однесе жената во болница додека вие ќе останете да чекате автобус со вашата сродна душа и така ќе се запознаете со неа.

Интересно нели?

Поуката е: дека не треба да бидеме ограничени во изборите дури и кога мислиме дека изборот е претежок, премал и ограничен. Секогаш постојат повеќе начини за решавање на еден ист проблем, но многу е важен пристапот и вашиот став кон истиот. Решение мора да има, треба само да се пронајде. И ќе го пронајдете доколку размислувате „надвор од кутијата“.

Напишете коментар