Skip to content

Парче живот


Еднаш бев сведок.

Еднаш бев нем сведок.

Еднаш се нареков нем сведок.

На животот.

Сега не го живеам.

Сега веќе не сум сведок.

Сега само барам да го живеам.

Трагам низ маслинестите шуми

Трагам низ полињата од расцутени багрени

Трагам низ вечноста.

Сонувам за  мирните лета

Сонувам за нечујните бајки

Сонувам за неизгаснатите ѕвезди.

Наоѓам парче живот во детските раце.

Наоѓам парче живот во мирисот на косите со боја на еднорог.

Наоѓам парче живот во звукот на плачливите утра полни со неисполнет детски сон.

Напишете коментар