Skip to content

Балерина

  • by

Стави црвена роза
која и во сребрени коси
мириса на младост, љубов
тој опиум од најубаво вино
кој се шири насекаде
додека шеташ како балерина,
блескаш во полн сјај,
а твоите чекори уште долго се слушаат
во ноќта како аплауз од безброј луѓе
и така гордо и насмеано се пробиваш
за да стигнеш на подиумот,
бидејќи ти си родена за победи,
да бидеш и останеш засекогаш на врвот.

Автор:
шифра – „Малечка“

Напишете коментар