Skip to content

Пријателке моја

  • by

Како мајка ме сакаш,

како ќерка ме чуваш,

ме учиш да се борам

сè со знаење да сторам.

Совети секојдневно ми даваш,

во тешко ми подаваш рака,

во добро се радуваш со мене

пријателството наше нема да овене.

Инспирација моја си за успех,

ми помагаш да се кренам од неуспех,

ме советуваш да бидам своја

несебична пријателке моја.

Човечноста ја држиш на дланка

со зборови полниш банка,

благодарна сум за сè што ми даваш,

знај дека праведен човек создаваш

Автор:
шифра – „Бубаче“

Напишете коментар