Skip to content

Богатство

  • by

За да напишеш збор,  дете мило,

Треба да направиш избор

На мисла што во тебе си ја скрило.

Едноставно е, ете

Да создадеш песна,  мило дете,

Мислата да ја искажеш со зборови лесни

И да ја напишеш со  стихови интересни.

Затоа дете драго

Нижи си стихови  тивко, благо,

И секоја напишана творба  во твоето детство

Да остави за  нас  трајно богатство.

Автор:
Светлана Бобевска

Напишете коментар