Skip to content

Очи во небесата – Кристина Трајкоска Рудеска

  • by

Едни небесни очи   

се затворија.

Ќе гледаат, но не овде, не сега     

нема ни утре

ни многу други утра  

кои ќе доаѓаат.

Едно срце    

не чука повеќе во градите

а запреа многу срца за него. 

Со текот на времето

ќе почнат да чукаат тие срца   

можеби многу бавно,

нема ни да се слушаат

ама ќе бијат

колку и да не сакаат,

ама таа една мелодија

од сите тие илјадници    

нема да ја има.       

Ќе се слуша   

но не овде,    

некаде далеку од тука.

Еден лик  

ќе остане засекогаш

белег,

траен жар во душата 

да ти го размрда срцето

да те потсети дека постоиш.       

Тој миг запре,

нема сегашност после мигот     

ниту пак иднина 

само минато….   

 Едно минато   

кое ќе те бранува

во твојата иднина. 

Едни очи згаснаа….     

Ги нема повеќе….
                        

Автор:
Кристина Трајкоска Рудеска

Напишете коментар