Skip to content

САЕМ НА КНИГАТА од 8. до 14. мај во ВИП арената Борис Трајковски

Во период од 8. до 14. мај во ВИП Арената Борис Трајковски ќе се одржи 31-то издание на Саемот на книгата, кој веќе втора година по ред се одржува на оваа локација. Саемот на книгата е манифестација на која учество ќе земат добро познатите македонски издавачки куќи, но и оние од регионот, поточно од Унгарија, Србија, Косово и Албанија.

Book Fair 2019

Повторно оваа година издавачките куќи, ќе ги понудат своите најнови изданија. Планирани се голем број на промоции, средби со автори и секако, љубителите на книгата можат да очекуваат големи саемски попусти.

Амбасадата на Република Унгарија во Република Северна Македонија, организира национално претставување на унгарската литература, при што Унгарија ќе се претстави како земја во фокусот на овогодинешниот Саем на книгата 2019.

“Подготовките се во завршна фаза. Како и секоја година Министерството за култура како покровител на саемската манифестацијата, очекуваме да овозможи поддршка на издавачите, овозможувајќи соодветни услови за промоција на литературата и издавачката дејност на Саемот на книгата 2019. Саемската манифестација која пред сè го слави читањето, ќе се одржува во периодот од 8. до 14. мај. Имајќи го во предвид националниот интерес и значење на Саемот на книгата, очекуваме активно учество на Министерството за култура  – истакна проект менаџерот на Саемот на Книгата, Сања Кондарко.

Овој саем, кој зад себе има 30 годишна традиција, како еден од најголемите културни настани во земјата, е добро познат помеѓу љубителите на книгата. Очекувањата се дека овогодинешниот Саем на книгата со својата богата изложбена програма ќе ја надмине рекордната бројка од околу 45.000 посетители.

Извор

Напишете коментар