Skip to content

Сонував со отворени очи

  • by

Сонував за жена облечена во бело

Носеше крилја кои блескаа со златна светлина

Нејзините очи ја имаа визијата на животот

Ми шепотеше за љубов низ тивкиот ветар што ми го милуваше лицето

Ја отвори браната на моево срце

Ги пушти нејзините реки од љубов да течат низ него

Ме воздигна до рајските небеси

Го чекам само нејзиниот допир

Паднав во нејзините прегратки полни со љубов

Станав едно од неа

Со љубов ме искачи до рајот

Без твојот поглед близу изгледа крајот

Како два гулаби кои пеат заедно

Како љубов на крал и кралица која трае вечно

Јас ќе бидам витезот кој се бори и умира за твојата љубов

Ќе летаме заедно повисоко од облаците

Ќе бидам твојот ѕид и штит против злото

Ќе ти ја земам тагата и болката врз мене

Затоа што тие мене не ми се странци

Ќе бидеш кралица на кралството во моето срце

Ти ќе бидеш моето височество

Ќе те сакам засекогаш и нема да те оставам никогаш

И даде светлина на мојата душа

Ми помогна да сум повторно цел

А сега сум од тебе дел

Чуствувам љубов како никогаш досега

Ти си моја мила

Ти си ангелот од небеста кој ме научи да сакам

Те молам секогаш чувај ме во срцето.

Автор:
Шифра: „Сенката во мене“

Напишете коментар