Skip to content

Светскиот ден на книгата и авторското право се одбележува на денешен ден

Светскиот ден на книгата и авторското право се одбележува денес. Тоа не е случајно, а дали знаете зошто е тоа така?

Денешниот датум 23.4. е симболичен датум за светската литература поради тоа што на овој датум во 1616 год. починале Шекспир и Серванес и Инка Гарсиласо де ла Вега. Овој датум е датум на раѓање или смрт на други истакнати автори, како што се Владимир Набоков, Морис Друон, Халдор К. Лакнес, Јозеп Пла и Мануел Мехиа Ваљехо.

УНЕСКО го означил денешниот ден како Светски ден на книгата и авторското право од почит кон интернационално познатите книги. Нивните автори како и нивната поврзаност со денешниот датум, поттикнувајќи ги сите, а особено младите луѓе да негуваат здрави навики и да уживаат во читањето како и да создадат почит кон придонесот на оние кои го унапредуваат социјалниот и културниот напредок на човештвото. Ова и бил природен и очекуван избор на Генералната конференција на УНЕСКО, која се одржала во Париз во 1995 година.

Годинава се случува 24-то издание по ред на прославување на Светскиот ден на книгата. Тоа има за цел да ја прослави литературата и читањето, а главен акцент се става на значењето на мајчините јазици како и нивна заштита.

На денешен ден традиција било да се подаруваат книга и цвеќе, а јас би рекла дека не треба да се чека посебна прилика и повод како денешниот за некому да се подари книга. Подарувајте книга кога вие сакате и кога мислите дека треба.

Да живеат книгите, вечно да се споменуваат авторите кои некогаш твореле и после нив оставиле вредни дела со непроценливо богатство. Авторите, писателите (поетите) се столб на културата во денешно време.
Треба да се покаже поголема почит кон нив затоа што нивното место во општеството игра значајна улога!

Среќен светски ден на книгата!

Напишете коментар