Skip to content

Блесок од машината за перење – Иван Гачина

  • by

Со потемнети раце

од тајно играње на игри на среќа

ја отворив Пандорината кутија

надевајќи се дека ќе пронајдам утеха

за прокоцканиот живот.

Од машината за перење на алишта

во десеттиот дел од секундата

ме погоди блесок

додека во лилавата река

(во грчката митологија)

ги миев очите поспани.

На шаховското поле

ме опсипуваа повторно

и пак листови детелина

сè додека во скаменетото срце

при Големиот тресок

накрај не ги погодија несреќниците

или тоа беше Божја казна

за дополу промашената партија

руски рулет во американски покер.

Од тапиот разнишан кревет

го грабнав сламениот мексикански шешир

и побрзав во ноќта длабока

каде што снопови дневна светлина

се одлеваа од џебовите

за да се вратам сигурно во селската куќичка

исто како Ивица и Марица.

По шестиот неуспех,

кога Пандора ја затвори кутијата,

со помош на кристалното огледало

гладниот волк со надеж се заврти

кон романско-германскиот татнеж на ветриштата.

Автор/Autor:
Иван Гачина/Ivan Gaćina
Задар, Хрватска/ Zadar, Hrvatska
Препев/Prepjev:
Светлана Папачек/Svetlana Papaček

Напишете коментар