Сонце и Месечина

Во твоите очи

се раѓа мојата светлина.

Твојата насмевка

мирисите ми ги буди.

Те гледам…

Ти ме пресоздаваш,

од тебе животот го цедам.

Низ твоите стапки

на доаѓање и заминување

се појавува насоката

на моето движење.

Со тебе сè започнува

и завршува.

Како сенка поврзан

си со моето битие.

А сенките, сенките бегаат,

Сонцето ги насочува.

Но знаеш ли Месечино,

светло мое во ноќта,

јас сум Елена,

јас сум СОНЦЕ,

СОНЧЕВА СВЕТЛИНА.

*името Елена значи Сончева светлина

Автор:
Елена Давитковска
СОУ,,Ванчо Прке” – Виница

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?