Skip to content

Шепоти родниот крај

  • by

О ѕвездо непокорна те слушам тивко

ме повикуваш, ме бараш

спомени ти  навраќаш.

Сликата народна Вардарот ја понел,

до Егејот дур ја однел.

Секоја капка пролеана крв ќе се памти

те уверувам нема времето да се врати!

О татковино ти шепотиш

народот да го потсетиш,

дека и здивот бил вреден

со надеж дека не е последен.

И кога секоја капка крв болеше

и кога секоја солза за тебе молеше,

слободата силно блесна,

се запеа македонска песна.

Храброста веќе ја нема

секој, од нас дел по дел зема.

Беснее во мене мислата

беснее раѓа беспокој

и силно ќе се возрази

на срце ќе дотежне.

О татковино ветерот нежно ме допира

стихот на минатото грубо ме удира,

каде е борбеноста

за еднаквост и правда?

Кога сонцето зад облак се скри?

Кој во темнина не сви?

Автор:
Деспина Миланова
IX одд

Напишете коментар