Skip to content

Талкач

  • by

Дамнешен звук…

Мелодија која повторно ме оживува…

Јас не ги видов годините

кои пред очи ми прелетаа

не те видов тебе,

твоите бразди на лицето.

Сега немо стојам пред земјата клета

која со сите сили кон себе те повлече.

Бев слепа при секој твој крик,

мислев безвременска си ти.

Затоа станав талкач,

неуморно чекорам во минатото,

додека животот пред себе ме влече.

Автор:
Анастасија Спировска

Напишете коментар