Skip to content

Дозволи

Дозволи, да ја имам ноќта
За себе, за момент
Бидејќи ноќта е мојата муза
Дозволи, да се преплетам со неа
Дур, месечината диригира
Јас да пишувам ноти
Со ѕвездите по галаксиите
Велиш чуден е мојот ум
Чудак талка во ноќта, зар нe
Но знаеш ли дека ноќта е таква
Каде денот е досаден
Бавен и незрел
Онаму згаснува зракот,
Таму сум јас
Како џез длабоко во ноќта
Вибрирам крај бирото
Дур вискито се намалува
Во ритам на ноќта
Велам не земај ми ја музата
Без неа сум како Тихомир Поп
Без пијано на подиум
Колтреин би љубоморел на неа
Дур присилно ја имам за себе
Ноќта со џез и виски
Пост-работно ме оживува
Доживува како полжав во есен
Растегнат на столот со кадифе
При оваа поема без сенс
Џезовно распишана без редослед
Впуштена во вибрирачки хаотичен поход
Впишана од десет изморени ништожници
Чукајќи на типките во ритам на Воркмен Реџи
Слободен во неа како за време на Регтајм
Се будам…

Напишете коментар