Skip to content

Таа е жена, мајка, нечија ќерка, таа е доволно силна да го каже своето мислење – Викторија Саздовска

  • by

Седев и ги слушав звуците. Ме примамија да го изгледам целиот настап до крај. Онака со подотворена уста и целата во исчекување на крајниот резултат. Песната proud ги разбуди чувствата во мене. Со самата тема, ме поттикна да се сочувствувам со другите девојки. Срцето ми бараше уште и уште од нејзината мелодија. Бев едноставно восхитена од целата изведба и кога заврши, сè што можев да кажам беше едно големо браво. Браво за организиацијата, трудот, посветеноста и најмногу за тематиката на самата песна.

Токму тоа ме натера да размислам за сите припаднички на женскиот пол. За тоа колку всушност нивниот глас се слуша воопшто во светот. Секојдневно читам за различни феминистички движења, каде некои од нив завршуваат успешно, а некои не. Но, главниот момент е дека тие постојат. Свеста за тоа постои. Убедени сме дека жената во денешницата има голема вредност. Дека таа е ценета и почитувана подеднакво во сите краишта. Но, само ако одиме од еден до друг крај на светот ќе можеме да видиме колку работите драстично се менуваат. Од еден крај, каде жената не може ниту сама да излезе на улица, до друг крај каде што се организираат најразлични движенања како: “МТoo movement”.

Факт е дека дискриманицијата на жените во некои делови е застапена со голем процент. Се ужаснувам и од самата помисла на тоа како може една жена да биде третирана на тој начин. Како е можно, кога таа е исто човечко суштество како и сите други.

Доаѓам до заклучок дека очајно е потребна праведност во сите делови. Потребно е да има еднаквост меѓу мажот и жената. Треба да се скршат тие предрасуди и препреки за жените, девојките и воопшто за целиот женски пол, што години пред нас успешно се плетеле. Таа е жена. Мајка, нечија ќерка, таа е доволно силна да го каже своето мислење. Таа е човечко суштество пред сè.

Треба секоја припаднична на женскиот пол да знае дека нејзиниот глас може да го промени светот, заслужува да биде слушната. Секој треба и може да каже ,,не” на нешто што не му се допаѓа или едноставно да не се плаши да го подигне својот глас поради предрасудите од општеството кои ќе застанат на патот.  

После ова уште повеќе го сфаќам значењето на онаа реченица ,,go girl” и на самата величенствена песна ,,proud” што дефинитвно ме поттикна да го напишам овој текст.

Затоа, никако и никогаш не се плаши да го дигнеш својот глас. Кажи што мислиш  бидејќи ти го можеш тоа. Ти имаш право на тоа. Немој да дозволиш да те убедуваат во спротивното. Не дозволувај светот да ти ги скрати крилјата. Наместо тоа широко рашири ги и вивни се во небото, без страв. Поитај кон твоите соништа, оствари ги бидејќи ТИ го можеш тоа.

Викторија Саздовска

Напишете коментар