Skip to content

Од ДПМ иницираат обновување на Книжевната младина

Членови на Друштвото на писателите покренале иницијатива до Агенцијата за млади и спорт  за обновување на поранешната Книжевна младина на Македонија, од каде што  ДПМ во иднина ќе ги добива своите членови. Иницијативата ја покренал писателот Христо Петрески заедно со професорките од Филолошкиот факултет во Скопје, Кристина Николовска и Весна Мојсова-Чепишевска.

Петрески рече дека младите во земјава немаат свој весник како некогашниот „Млад борец“, а одамна не постои ниту Книжевната младина која, рече, беше стожер на младите заедно со Музичката младина која, сепак  сè уште постои. Потсети дека Книжевната младина порано имаше и традиционален литературен конкурс „Алса“ кој, исто така, планираат да го обноват со поддршка на Агенцијата за млади  и спорт. 

-Тоа е конкурс за едиција  каде што нема да се објавува само поезија, туку и проза, критика и есеј, и драмски текстови. Покрај едицијата „Алса“ ќе направиме сè повторно да ја организираме и  поранешната манифестација „Млада Струга“ како претходница на Струшките вечери на поезијата. Целта  е талентираните и надежни млади поети  од земјава да  се сретнат и другаруваат со познатите и афирмирани поети од земјава и од светот, истакна Петрески.

Извор:

Напишете коментар