Skip to content

Стапала

Стапките ми ги следеше неуморно
Трчаше за да ме стигнеш
Ако беше потребно, а јас
Побегнав и од себе и од тебе
Амбициозно слушајќи го срцето
Лесно им се предадов на
Алузиите што ме убиваа
Но, не паднав
Ами се исправив и моите стапала ја
Згазнаа плодната почва и со
Еден чекор бев пред нова иднина,
Мистериозна и неизвесна и истовремено
Јасна како бистро море,
А, тоа допрва треба да се преплива.

Напишете коментар