Skip to content

Ноќна светлина

Симбиоза на апетит и невидлива игра

Простор на замислени фигури

Кои стануваат дел од ноќната магија

Кажуваат добра ноќ.

Просторот се крши, порцелански кршлив е

Како човечки раце што ги стега челик

Темнината станува разорна,

А јас наоѓам пат до светлината на животот.

Сѐ е околу мене невидливо и видливо

И јас станувам невидлива јаснотија

Која иако скршена

Стои исправена пред светлината на животот.

Напишете коментар